КАТАЛОНСКИОТ ТИМ ОСТАНУВА БЕЗ НАПАЃАЧОТ

Голем удар за Барса, Суарез криел дека има големи болки, мора да оди под „нож“

Каталонскиот тим и натаму е без пораз во новата сезона во Приемра. Вечерва против Малага ќе се обиде да ја продолжи одличната низа, но најверојатно без помошта на Луис Суарез.

објавено: 21 октомври 2017 - 12:30

Каталонскиот тим и натаму е без пораз во новата сезона во Приемра. Вечерва против Малага ќе се обиде да ја продолжи одличната низа, но најверојатно без помошта на Луис Суарез.

Уругвајскиот напаѓач има проблем со коленото, а повредата стана уште посериозна, откако одлучи да игра за својата репрезентација минатата недела. Иако Барселона бараше Суарез да биде поштеден, сепак тоа не се случи.

Ѕвзедата на каталонскиот гигант беше во составот против Атлетико Мадрид и Олимпијакос, и покрај тоа што на теренот делуваше дека се е во ред, шпанските медиуми пишуваат дека Суарез му признал на својот голем пријател Меси дека има страшни болки во коленото, поради што ќе мора да оди на операција. Ова значи дека напаѓачот ќе биде надвор од терените во најлошиот период за Барселона.

Најново во Меѓународен Фудбал