Французинот ги „олади“ надежите на Манчестер

Гриезман е среќен во Атлетико Мадрид

„Среќен сум во Атлетико, во Шпанија е сончево, додека во Англија не е така. Секако дека Манчестер е голем клуб, но, не сакам да си одам" изјави Французинот

објавено: 20 март 2017 - 19:00

Антоан Гриезман е првата „виолина" на Атлетико Мадрид во оваа сезона. Францускиот репрезентативец на 40 натпревари постигна 22 погодоци и го „вози" тимот на Диего Симеоне до четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Очекувано, со неговите игри тој го привлече вниманието на големите клубови, а како најзаинтересиран се истакнува Манчестер јунајтед.

„Не сакам да си заминам од Атлетикот. Тука сум среќен и убаво ми е во Шпанија бидејќи има сонце, што ми е многу важно. А во Англија тоа не е случај. Манчестер е еден од најдобрите и најпознатите клубови во светот, и секој посакува да игра во Премиер лигата, но, јас во Атлетико се чуствувам одлично" изјави Французинот.

Најново во Меѓународен Фудбал