Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Ентоан Гризман е избран за најдобар фудбалер во шпанското првенство за ланската сезона. Атлетико Мадрид собра најмногу признанија на „Гала вечерта" во која се бираа најдобрите играчи за ланската сезона во популарната Ла Лига.
Најдобар тренер е Диего Симеоне, исто така од Атлетико Мадрид, а популарните „јорганџии“ го имаат и најдобриот голман Јан Облак, потоа и најдобриот дефанзивец во Примера Дивизија, Диего Годин,
Број еден во средниот ред е Лука Модриќ, а најдобар напаѓач е Лионел Меси. Наградата за најдобар странец му припадна на Луис Суарез.
Откровение на сезоната е Марко Асенсио, кој играше во Еспањол ланската сезона како позајмен играч од Реал Мадрид, а на почетокот од оваа сезона се врати во редовите на актуелниот европски првак.