Французинот не го менува тимот

Гризман го одби Манчестер поради дождот

„Среќен сум тука и убавото време ми помага многу, не гледам причина поради која би заминал" изјави Гризман за шпанските медиуми

објавено: 11 март 2017 - 12:20

Антоан Гризман изминативе месеци се споменуваше како евентуално засилување на Манчестер јунајтед. Англискиот тим според најавите беше подготвен да плати нова астрономска сума за да го доведер фудбалерот на Атлетико Мадрид.

Но, тој во последната своја изјава за шпанските медиуми го отфрли заминувањето од Мадрид.

Интересно е што Гризман во својата изјава наведе дека му одговара времето во Мадрид кое е најчесто сончево и топло, алудирајќи на тоа дека во Англија во поголемиот дел од годината врне.

„Среќен сум тука и убавото време ми помага многу. Моите соиграчи се едни од најдобрите и имам тренер од највисока класа и затоа не гледам причина поради која би заминал" истакна Гризман за шпанските медиуми.

Најново во Меѓународен Фудбал