ПОРТУГАЛСКИОТ „УМЕТНИК“ СЕ ИСТАКНА СО УШТЕ ЕДНО СВОЕ ДЕЛО

И Бејл е „масакриран“: Статуата на Велшанецот е бетер од таа на Роналдо (Фото)

Светот се смее на ново „ремик-дело“ на човекот кој пред неколку месеци се прослави по катастрофално направената статуа на Кристијано

објавено: 31 мај 2017 - 17:35

Герет Бејл му се приклучи на Кристијано Роналдо, барем кога се работи за катастрофална статуа која му беше направена. Португалскиот самоук уметник Емануел Сантош се прослави откако пред неколку месеци направи статуа со ликот на Кристијано Роналдо, а сите се смееја колку таа изгледаше лошо. 

Сега Сантош повторно се покажа во акција, а овојпат негова инспирација беше Велшанецот од Реал Мадрид. Португалецот направи статуа од Бејл и ја постави пред стадионот во Кардиф, каде в сабота ќе се игра финалето од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Јувентус. 

„Станав славен со статуата на Роналдо, а сите луѓе му збореа дека добро сум ги насмеал. Затоа решив да направам статуа и од Герет Бејл. Сега може да се обидам да направам и хет-трик“, изјави португалскиот „уметник“, Сантош, најавувајќи дека можна мета ќе биде некој друг играч на Реал Мадрид. 

Најново во Меѓународен Фудбал