ПО СИНОЌЕШНАТА ИГРА ВО ДУЕЛОТ СО АТЛЕТИКО

И Мадрид се поклонува на Лео Меси

Тој не е напаѓач, не е играч за врска, тој е сè на теренот

објавено: 2 февруари 2017 - 14:55

Барселона го победи Атлетико Мадрид со 2:1, во првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија, а во центарот на вниманието е Лионел Меси. Иако мадриѓани загубија, сите се восхитуваат на играта на аргентинскиот виртуоз. 

Меси даде еден гол, но сепак највпечатлива беше целата негова игра и движењето на теренот. Го имаше на сите страни, од одбраната до нападот. Престижниот мадридски весник „Марка“ го величи Лео. 

Графички приказ на движењата на Меси и допирите со топка.

„Тој стана играч за целиот терен. Од ден на ден тоа го потврдува. На Атлетико мадрид му оддржа лекција за тотален фудбал. Меси не е напаѓач, не е играч за врска. Тој е сè на теренот. Последен учител на тоталниот фудбал кој го измислија Алфредо ди Стефано и Јохан Кројф“, стои во анализата на „Марка“. 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал