ПОРТУГАЛЕЦОТ СО СОВЕТ ЗА ЅВЕЗДАТА НА НАЈГОЛЕМИОТ РИВАЛ

И Роналдо го моли Нејмар да не си оди од Барселона

Наводно, Кристијано му упатил порака на Бразилецот да не избрзува и дека ако веќе сака да си оди од „Камп Ноу“ да потпише за Манчестер Јунајтед

објавено: 23 јули 2017 - 14:30

Сагата околу евентуалното заминување на Нејмар од Барселона продолжува. Откако Лионел Меси, Луис Суарез и Жерар Пике побараа од својот соиграч да не си заминува, стигна порака и од првата ѕвезда на најголемиот ривал Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Според шпекулациите, Роналдо му упатил совет на Нејмар, да не брза со одлуката за заминување од Барселона.

„Така заминуваш од голем клуб, во многу помал. Тоа сега можеби ти се гледа како добра шанса, но подоцна ќе жалиш за тоа“, рекол Роналдо, кој додал дека веќе ако Нејмар сака да си замине од „Камп Ноу“, да чека понуда од Манчестер Јунајтед.

Пари Сен Жермен е клубот се согласи да плати 222 милиони евра за заминување на Бразилецот од каталонскиот гигант. Со таа сума, се активира откупната клаузула и Нејмар ќе стане играч на францускиот тим. „Светците“ го мамат голгетерот и со годишна плата од 30 милиони евра по сезона. 

Сапуницата околу евентуалниот трансфер на Нејмар од Барселона во ПСЖ засега продолжува. 

Најново во Меѓународен Фудбал