ТРКААТ СО ЛИОНЕЛ МЕСИ Е НА СИТЕ ПОЛИЊА

И Роналдо затајувал данок, може ли да оди во затвор?

Досега неколку ѕвезди на Барселона беа во скандал со затајување на данок, а сега во пресрет на „Ел Класико“, се споменува дека и првата ѕвезда на Реал Мадрид бил во слична ситуација

објавено: 2 декември 2016 - 08:25

Кристијано Роналдо може да стане следната голема фудбалска ѕвезда вмешана во скандал со затајување на данок. Според дел од шпанските весници, даночните власти решиле добро да ги проверат приходите кои ги заработува најдобриот играч на Реал Мадрид.

Медиумите тврдат дека најголем дел од рекламните приходи на Португалецот поминувале преку ирската компанија „МИМ Лимитед“, која е основана во 2004 година. Со данок од само 12,5 отсто, Ирска е земја со „даночен рај“. Властите во Шпанија ги проверуваат трансакциите. Данокот во Шпанија е дури 43,5 отсто. 

Преку компанија „МИМ Лимитед" поминале договорите на Роналдо потпишани со неколку големи светски компании. Во Шпанија се води голема битка против сите оние кои затајуваат данок.

На „тапет“ беа ѕвездите на Барселона, Лионел Меси, Луис Суарез, Хавиер Маскерано и уште неколку други. Сите овие беа под закана дека може да завршат во затвор. Прашање е дали сега и на Роналдо му се заканува сличен притисок и можна затворска казна.  

Најново во Меѓународен Фудбал