Заредија и поразите кај ривалот на Вардар

И Валенсија најде чаре за Реал Сосиедад

Противникот на Вардар во Л групата во Европа Лигата, Реал Сосиедад го претрпе и третиот пораз, а чаре за опасната екипа од Сан Себастијан најде Валенсија

 

објавено: 24 септември 2017 - 22:40

Противникот на Вардар во Л групата во Европа Лигата, Реал Сосиедад го претрпе и третиот пораз, а чаре за опасната екипа од Сан Себастијан најде Валенсија. И за чудо и третпат по ред резултатот е 3:2 во меѓусебните дуели и за првпат победник е Валенсија.

Симоне Заза со погодок во 85. минута стави точка на фудбалскиот трилер на „Аноета“. Валенсија постојано имаше еден гол предност и на крајот победи и ги освои бодовите, за скок на четвртата позиција со 12 бода. Реал Сосиедад остана на делба на седмата позиција со 9 бода.

Најново во Меѓународен Фудбал