УСПЕА ДА СЕ СНАЈДЕ

Играч на Малага сам си го откупи договорот за 12 милиони евра, па си се продаде

Играчот за врска, Пабло Форналс реши самостојно да дејствува за да го реализира трансферот во Вилјареал

објавено: 25 јули 2017 - 15:15

Еден од најдобрите млади фудбалери во Шпанија, играчот на Малага, Пабло Форналс, се одлучи на екстремен чекор за да го смени клубот. Форналс кој има 21 година, а има и настап за нациоанлниот тим на Шпанија реши да ја активира ослободителната клаузула, за да може да си замине од Малага.

„Пабло Форналс реши да ја откупи клаузулата и да го прекине договорот со нашиот клуб“, стои во официјалното соопштение на Малага. 

Играчот од кого се очекува да стане и стандарден репрезентативец на Шпанија, во следните пет години ќе го носи дресот на Вилјареал. 

Најново во Меѓународен Фудбал