ШТО ЌЕ ПРАВИ СО ПАРИТЕ ФЛОРЕНТИНО ПЕРЕЗ, ПРЕМНОГУ ЧЕКАВМЕ!!!

Имам 300 милиони, да му се јавам на Левандовски или на Нејмар...!

Потребни се двајца играчи, и ако од една страна Азар и Кејн станаа „невозможна" мисија, од друга сепак има фудбалери кои би можеле да пристигнат во Мадрид.

објавено: 17 август 2018 - 13:06

Притисокот расте од сите страни, сите предвидуваат дека Флорентино Перез ќе биде многу активен во последните две недели од преодниот рок во Шпанија со своите 300. милиони има колку што има намера да потроши ова лето.

Навивачите искрено посакуваат да не се почувствува премногу отсуството на Кристијано Роналдо кој одлучи да се пресели во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.

Продажбата на Португалецот, Ковачиќ и заминувањето на Тео како позајмица „создадоа" проблеми, ќе ја додадеме и повредата на Ваљехо, па така тимот на Лопетехи остана на тројца стопери.

Дојдоа Куртоа и Одриозола на „Сантјаго Бернабеу", но желбите на Перез се доведување на стопер и квалитетен напаѓач.

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски останува најголема желба, иако Германците не се расположени за преговори, а Лајпциг бара премногу пари за Тимо Вернер. Има уште една опција, таа се вика Мауро Икарди од Интер, но не е познато колку е реална...

Можеби најреална опција е Родриго од Валенсија, 80 милиони евра би биле доволни, но загрижува неговиот голгетерски учинок.

Исто така, Перез е и спремен поради незадоволството на фановите, да ги даде сите 300. милиони за бразилската ѕвезда на ПСЖ.

Што се однесува до одбраната, Варан и Рамос се стандардни, Начо е опција, а тој четвртиот кој би стигнал би морал да тргне од статусот резерва.

Се спомнува дека една непристојна понуда би го натерал Челзи да го продаде Маркос Алонсо кој може да игра и лево, но и стопер.

Најново во Меѓународен Фудбал