КАПИТЕНОТ НА СВОЈ НАЧИН СЕ ЗБОГУВАШЕ

Иниеста по мечот со часови седеше во мрак на „Камп Ноу“

Големиот Андрес Иниеста, синоќа го одигра последниот, 674. натпревар во дресот на Барселона.

објавено: 21 мај 2018 - 09:00

Големиот Андрес Иниеста, синоќа го одигра последниот, 674. натпревар во дресот на Барселона. Новиот шампион го совлада Реал Сосиедад, но 90.000 публика дојде да го поздрави и да се збогува со играчот кој во Барселона мина 22 години.

По мечот, на играчите на каталонскиот тим им беше доделен пехарот, кој Иниеста последен пат го подигна. На „Камп Ноу" светлата беа згаснати, на небото над Барселона имаше огромен огномет, а капитенот го зеде микрофонот.

"Ова беа прекрасни 22 години и бев почестен што ги бранев боите на овој клуб, за мене најголемиот во светот. Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи и на сите вас на стадионот. Моето срце ќе остане тука засекогаш", рече низ солзи Иниеста, кој со Барселона го освои 31 трофеј, од кои девет титули во првенството и четири титули во Лигата на шампионите.

Иако клубот му приреди спектакуларна збогување, сепак Иниеста сакаше да се збогува на свој начин. Тој сат и пол по полноќ остана на стадионот и седеше на центарот гледајќи кон трибините...

Најново во Меѓународен Фудбал