ДЕФИНИТИВНО НЕМА НАМЕРА ДА ОСТАНЕ БЕЗ ХРВАТОТ

Интер е во шок, Перез ја кажа цената за Модриќ

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, дефинитивно не сака да остане без Лука Модриќ пред стартот на новата сезона по трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус.

објавено: 2 август 2018 - 18:41

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, дефинитивно не сака да остане без Лука Модриќ пред стартот на новата сезона по трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус. Па оние кои вистински се заинтересирани за услугите на хрватскиот репрезентативец ќе треба добро да го одврзат „кесето“, неговиот трансфер чини многу повеќе од колку што некој би можел да замисли.

По информациите дека Интер е сериозно заинтересиран за Модриќ, Перез ја откри цената за негов трансфер, од која пак боли глава. 

„Единствен начин за да Лука Модриќ си замине од Реал Мадрид е некој да плати 750 милиони евра“, изјавил Перез.

Оваа вест најмалку ги израдува челниците на Интер, кои дефинитивно се решени да го вратат стариот сајај на италијанскиот фудбал. 

Модриќ со Реал Мадрид го продолжи договорот до 2020 година, а по заминувањето на Роналдо тој преку ноќ стана број еден ѕвезда во составот на „кралевите“, неговите дресови се најпродавани, секако поради одличниот настап на СП во Русија, на кое Хрватска го освои второто место. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал