ДОКОЛКУ Е ВИСТИНА ТОА ШТО СЕ НАЈАВУВА

Иско ќе стане предавник во Реал Мадрид!

Следната дестинација на играчот може да биде најлутиот ривал, екипата на Барселона

објавено: 22 февруари 2017 - 10:30

Иско може да стане само 13 играч во историјата на Реал Мадрид, кој направил потег што е најразочарувачки за сите навивачи на „кралскиот клуб“. Играчот за врска најави дека сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Тоа и не е толку старашно, но откако излезе најава дека Барселона е неговиот следен клуб, се размирдаа страстите

Шпанецот не ја доби потребната доверба од тренерот Зинедин Зидан, а како што самиот вели, веќе не е многу млад, за да седи на клупата и да чека да добие шанса да заигра. Иско има 25 години. 

„Уморен од седење на клупата, иско реши да си замине од Реал Мадрид на крајот од сезоната. Нема шанси да го продолжи договорот“, открива Мундо Депортиво, кој шпекулира дека Барселона е најверојатната следна дестинација на Иско. 

Разочараниот играч во Реал дојде во 2013 година од екипата на Малага и тоа за сума од 30 милиони евра. Иско како млад бил навивач на Барселона, а се верува дека е голем фан и на Лионел Меси, па затоа и кучето го има крстено по името на Аргентинецот. 

Досега низ историјата, само 13 играчи си заминале до Реал, а потоа заиграле во Барселона. Од досегашните 12, само тројца заминале директно од Мадрид на „Камп Ноу“. Последен што тоа го направи е сегашниот тренер на каталонците, Луис Енрике и тоа пред 21 година.

Освен Барселона, за Иско се интересираат и Јувентус, Челзи и Манчестер Јунајтед.  

Најново во Меѓународен Фудбал