РЕАЛ Е ЕДНО, „ФУРИЈАТА" ДРУГО...

ИСКО РЕАЛНО: Не знам како да го „освојам" Зидан

Најдобриот поединец на Шпанија во дуелот со Аргентина вели дека во клубот нема доволно самодоверба за да прикажува партии како синоќешната...

објавено: 28 март 2018 - 11:45

Иако против Аргентина постигна три гола, а неговата селекција, Шпанија, победи со (6:1), кај Иско сеуште има доста непознати работи.

„Во Реал немам самодоверба која му е потребна на секој играч. Натпреварите во националниот тим ме враќаат во живот. Затоа што тренерот ми верува, и ми дозволува да бидам што е можно повеќе на теренот. Сакам да им покажам на сите дека сум добар играч, но можеби сум јас проблемот во клубот. Не знам како да го 'освојам' Зидан" - смета шпанскиот репрезентативец.

Претходно, шпанските медиуми ја пренесоа информацијата дека на „Сантјаго Бернабеу" се подготвеи да ги продадат Герет Бејл, Матео Ковачиќ и Иско...

 

Најново во Меѓународен Фудбал