АРГЕНТИНЕЦОТ И АТЛЕТИКО ЗНААТ КАКО ТРЕБА

„Излезот" ќе го чини „Чоло" 50.000.000 евра?!

Диего Симеоне ќе остане „заробен" во Мадрид...

објавено: 20 март 2017 - 15:45

Иако со голем успех ја одработува и петтата комплетна сезона како тренер на Атлетико Мадрид, и има важечки договор до јуни 2018 година, ова лето Диего Симеоне би можел да биде „слободен агент", и да седне единствено на клупата на репрезентацијата на Аргентина.

Во секој друг случај, „Чоло" ќе мора да плати огромна отштета на „јорганџиите".
Барем така велат од секогаш добро информираната радио станица во Мадрид, „Кадена копа".
Врската помеѓу Симеоне и Атлетико Мадрид е доста цврста, и толку голема, што на заедничкиот состанок лесно се договориле да го скратат актуелниот договор на Аргентинецот за две сезони. Односно наместо до 2020, да важи до 2018 година.


Но во таа прилика во спогодбата е ставена посебна клаузула во која се вели дека доколку сака да го напушти Атлетико во текот на ова лето Симеоне же треба да плати 50. милиони евра.
Единствен исклучок е, во случај Аргентина да му понуди функција на селектор на националниот тим, во тој случај Симеоне веднаш би бил слободен да ги презвеме „гаучосите" и да биде достапен бесплатно.
Неодамна, Аргентинецот јасно стави до знаење на една прес-конференција дека би сакал да одмори, но со оглед на клаузулата која ја има во договорот, по се изгледа дека же ги води „јорганџиите" уште најмалку година дена.
За потсетување, Интер често се споменуваше како клуб кој би сакал да го има Симеоне на својата клупа. Го бараа (т) и некои Премиерлигаши, а самата желба на Диего Симеоне во иднина да го превземе Лацио, која барем во овој момент се смета како нереална.

Најново во Меѓународен Фудбал