„СТАРАТА ДАМА“ ОВАА СЕЗОНА СО УШТЕ ПОГОЛЕМИ АМБИЦИИ

Јуве, да не го копираш Реал Мадрид!? (ФОТО)

Италијанскиот шампион одлучи да тргне во друг правец кога е во прашање резервниот дрес.

објавено: 16 август 2018 - 13:00

Резервната гарнитура која досега ја носеа фудбалерите на италијанскиот шампион беше во „жолто-сина" варијанта.

Порталот „Фути Хедлајнс" кој е специјализиран за дресови, сега објави како ќе изгледа новата за наредната сезона.

Дизајнот е прилично елегантен, а мора да се признание дека многу потсетува на оној „кралскиот". „Старата дама" која ова лето го доведе Кристијано Роналдо токму од Реал Мадрид оваа сезона има далеку поголеми амбиции, не само освојување на Серија А, туку и Лигата на шампионите, а таму пак бранителот на тројот го брани токму шпанскиот гигант.

Најново во Меѓународен Фудбал