ВЕЌЕ ИМ ДОЈДЕ ПРЕКУ ГЛАВА

Како во шпанска ТВ серија: Во Барселона сакаат да се стави крај со „циркузот Нејмар“

Полека, но сигурно во соблекувалната на каталонскиот гигант се зголемува нервозата, поради тоа што се е фокусирано на тоа дали Нејмар ќе остане на „Камп Ноу“ или ќе си замине

објавено: 1 август 2017 - 11:30

Шпанската серија наречена „Заминување на Нејмар од Барселона“ уште нема разврска. Тоа што идинината на Бразилецот останува неизвесна, доведува до се поголема нервоза во каталонскиот гигант. Уште се чека потврда за тоа дали Пари Сен Жермен ќе плати рекордни 222 милиони евра за купување на капитенот на бразилската репрезентација. 

Повеќе од две недели трае неизвесноста дали Нејмар ќе остане во Барселона, а тоа веќе има негативен ефект на тимот. Барселона во подготвителниот период ги победи Манчестер Јунајтед, Јувентус и Реал Мадрид, но сите збореа само за Нејмар и неговото заминување. 

Нервозата била пренесена и во соблекувалната на тимот. Пред неколку дена Нејмар дури и се степа на тренинг, а потоа самоиницијативно си замина. 

„Многу сме бесни поради сите тие приказни. Доста ни е од неговот шоу. Работата мора да се реши што е можно побрзо, инаку ќе се случи криза во тимот“, коментира извор од соблекувалната на Барселона. 

Најново во Меѓународен Фудбал