БАРСЕЛОНА ДОБИ ОПОМЕНА

„Камп Ноу“ може да го затворат!

Доколку се слуишнат скандирања со кои ќе се навредува Шпанија, стадионот на каталонскиот гигант може да биде затворен за публика

објавено: 17 ноември 2017 - 21:50

Претседателот на Здружението на фудбалски прволигаши, Хавиер Тебас ги предупреди навивачите на Барселона дека треба да се однесуваат пристојно за време на дуелите на нивниот омилен тим. Тебас потенцираше дека навивачите може да извикуваат пароли кои ќе бидат поврзани со независноста на Каталонија, но никако не смее да се користат навредиливи пароли за Шпанија. 

Откако минатиот месец беше оддржан референдум за независност во Каталонија, гледачите на „Камп Ноу“ се активираа за се погласни скандирања за независност на Каталонија. 

„Скандирањето за независност не го сметаме за навреда или за позив за насилство. Сепак, одлучивме дека скандирањата кои се навредиливи и се однесуваат на Шпанија, да бидат санкционирани. Една од можните санкции е да се затвори стадионот на Барселона“, вели Тебес.

Најново во Меѓународен Фудбал