НОВ ДОГОВОР ЗА СЕРХИО РАМОС

Капитенот останува верен на Реал

Дефанзивецот останува на „Сантијаго Бернабеу“ до 2021 година

објавено: 26 јуни 2017 - 11:30

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос останува верен на „кралскиот клуб“. Тој потпиша договор кој го обврзува да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2021 година. Тоа значи дека со новиот договор доби уште една година продолжување на претходниот договор. 

Рамос игра во Реал од 2005 година, кога дојде од тимот на Севилја за сума од 27 милиони евра. Моментно има 12 сезони зад себе во клубот. Има одиграно 522 меча и постигнато 68 погодоци за „кралскиот клуб“. 

Рекордер по бројот на сезони поминати во Реал е Маноло Санчес, кој има одиграно 18 сезони за најтрофејниот европски тим. 

Најново во Меѓународен Фудбал