АКО МУ СЕ ВЕРУВА НА НЕГОВИОТ МЕНАЏЕР

Караско влегува во клубот „сто милиони“

Напаѓачот на Атлетико Мадрид со најголем напредок во изминатата сезона

објавено: 27 јануари 2017 - 21:30

Што се во денешниот свет на фудбалот сто милиони евра?
Веројатно „ништо", некоја „ситница" од пари...
Или како поинаку да се објасни „фрлањето" на толкави милиони, пред се на евра, па потоа и фунти, па и долари, за само еден единствен играч кој на пазарот вреди колку многу други лиги од понизок ранг заедно?
На пример, толку се во овој момент платени Герет Бејл, Пол Погба, „тука некаде" е Гонзало Игуаин, а над тој „просек" дефинитивно се и Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
А како тргнале работите во текот на оваа зима, многу скоро би можеле да добиеме уште еден фудбалер за кој постои подготвеност на некои клубови да платат сто милиони евра!


Станува збор за фудбалерот на Атлетико Мадрид, доаѓа од Белгија, а се вика Јаник Караско.
Неговиот агент, Кристоф Онратој за шпанските медиуми изјави дека екипите на Челзи и на Mанчестер Јунајтед изразиле подготвеност да платат 86 милиони фунти, односно 100 милиони евра колку што изнесува отштетата која раководството на популарните „јорганџии" ја одреди за белгискиот репрезентативец.
Онратој додал и тоа дека за 23. годишниот Караско биле заинтересирани и други, исто така европски гиганти како Баерн, Јувентус и Манчестер Сити.
Од доаѓањето од Монако (минатото лето), за што беше платено 20. милиони евра, Караско прерасна во еден од клучните играчи во составот на Диего Симеоне, а имаше и одлични настапи за селекцијата на „црвените ѓаволи" кои дополнително ја зголемија неговата пазарна вредност до овие „стомилионски" граници.

Најново во Меѓународен Фудбал