Интер со мега понуда за Аргентинецот

Кинезите до сега само се загреваа: Сега го сакаат и Меси!

Шпанските медиуми откриваат дека Лионел Меси е прва мета на компанијата „Сунинг" која поседува 68,55 % од акциите на Интер.

објавено: 9 јануари 2017 - 13:25

Според шпанските медиуми, кинеските соопственици кои поседуваат 68,55 од ациите на Интер немаат намера да штедат на трансфери и веќе на лето ќе се обидат во своите редови да го доведат најдобриот.

Неофицијално, Интер подготвува мега понуда која Лионел Меси нема да ја одбие. Аргентинецот се уште не ја продолжи соработката со Барселона и покрај тоа што преговорите се во тек. Актуелниот договор му истекува во јуни 2018 година.

Желбата на Меси е да стане најплатениот фудбалер во светот, желба која Интер без проблем може да му ја исполни и тоа благодарение на богатите кинески соопственици.

Легендата на Барселона целата своја кариера ја мина во каталонскиот тим со кого успеа да пише нови историски страници во сите категории.

Најново во Меѓународен Фудбал