ОТКАКО ГО ПРОЗВА ПО ДЕРБИТО СО АТЛЕТИКО

Ковачиќ му „грмна" на Роналдо: Не знаеш ни како се презивам...

Младиот хрватски репрезентативец Матео Ковачиќ не е многу импресиониран од величината на својот соиграч Кристијано Роналдо.

објавено: 2 март 2016 - 11:21

Како што објавија шпанските медиуми, тој е еден од ретките кој отворено му се спротивставил откако Португалецот во саботата даде контроверзна изјава по поразот во дербито од Атлетико Мадрид. Дел од играчите му забележале и му порачале да внимава што зборува, но Ковачиќ најмногу бил изнервиран од тоа што Роналдо го погрешил неговото презиме и го кажал "Ковачевиќ".

„Не знаеш ни како се презивам, а зборуваш за мене", наводно му "грмнал" младиот Хрват на Роналдо во соблекувалната пред еден од тренинзите.

Во понеделникот Роналдо им се извинил на соиграчите, но остана дамката која веројатно ќе го следи тимот до крајот на сезоната.

Најново во Меѓународен Фудбал