ЗА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ НАПАЃАЧИ НА ДЕНЕШНИЦАТА

„Кралевите“ прават страшен трансфер: 40 милиони евра + Лука Модриќ!

Дали сепак Реал Мадрид ќе „преговара" со Интер со цел да им помогне на Италијанците околу трансфер на хрватскиот репрезентативец, но и од друга страна си го „олесни“ патот до потписот на Мауро Икарди за чии услуги е заинтересиран и лондонски Челзи.

објавено: 19 октомври 2018 - 19:00

Аргентинецот се наоѓа во одлична форма во Серија А и на тој начин го привлече вниманието на најдобрите клубови ширум Европа, сите му предвидуваат уште поголема фудбалска иднина.

Најновите информации дека Флорентино Перез се спрема за понудата од 40 милиони евра плус Лука Модриќ за играчот на миланскиот клуб. Тоа би било лоша вест за Челзи, но со 90 милиони фунти вреден напаѓач, Маурицио Сари сака да го замени Алваро Мората кој се мачи пред голот на „Стемфорд Бриџ" оваа сезона, пишува „Сан".

Еден Азар дефинитивно не може сам да ја тера сезоната, со оглед на загрижувачкиот податок од само два лигашки голови меѓусебно од страна на Мората и Оливие Жиру.

И Реал Мадрид исто така се мачи оваа сезона во Примера, не ги бележи најдобрите резултати, навивачите уште од првиот ден кога си замина Кристијано Роналдо ја молат управата да се најде што побрзо идеално решение во нападот, односно се најде нова „гол-машина", во спротивно титулите ќе ги има во помал број.

Најново во Меѓународен Фудбал