ИНТЕРЕСНА СТАТИСТИКА КОЈА НЕ Е ВО КОРИСТ НА ШПАНСКИОТ ПРВАК

„Кралевите“ со најслаб старт во последниот половина век, им се „смее“ шестото место

Само два пати претходно во последните 48 години Реал не победил на три меча во низа на домашен терен и во двата случаи на крајот завршил на шестото место на табелата

објавено: 21 септември 2017 - 10:25

Пет одиграни меча, а само осум бода на контото на Реал Мадрид, во шпанската Примера дивисион. Ова сигурно никој не го очекуваше, посебно, откако Реал на стартот од сезонава се израдува на титулите во Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија. 

Реал не успеа да победи на трите меча одиграни на свој терен. Најпрво одигра 2:2 против Ла Коруња, потоа 1:1 во дуелот со Леванте, а синоќа загуби од Бетис со 0:1. статистиката покажува дека во последните 48 години, само два пати претходно се случило „кралскиот клуб“ да нема победа на три средби по ред на „Сантијаго Бернабеу“.

Такви ситуации имало во сезоните 1969/70 и 1995/96 година. Интересно е тоа што во двете ситуации кога немале победа на три меча по ред, на крајот од првенството тимот завршувал на шестото место на табелата. Сега, тешко дека Реал може да биде толку слаб, но факт е дека сега го повтори лошиот биланс од три меча без победа пред своите навивачи. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал