Каталонците ги трошат парите од трансферот на Нејмар

Кутињо чека, Паулињо пристигна во Барселона за 40 милиони евра

Поранешниот играч на Тотенхем, Паулињо потпиша договор со Барселона, а трансферот од кинескиот Гвангжу Евергранде во таборот на каталонскиот клуб чини точно 40 милиони евра

 

објавено: 12 август 2017 - 15:55

Поранешниот играч на Тотенхем, Паулињо потпиша договор со Барселона, а трансферот од кинескиот Гвангжу Евергранде во таборот на каталонскиот клуб чини точно 40 милиони евра.

Во очекување на трансфер-бомбата и пристигнувањето на Кутињо на „Камп Ноу“, кај Барса слета Паулињо. Каталонците и претходно преговараа за негов ангажман, а почетната понуда од 17 милиони евра, порасна до 40 милиони евра. Паулињо играше во Европа, во редовите на Тотенхем, од 2013 до 2015 година, а потоа ја прифати богатата понуда на кинеските газди во Гвангжу Евергранде и се пресели во најбројната земја на светот.

Најново во Меѓународен Фудбал