Нема дилеми Барса ќе се засили

Кутињо и Дембеле и ги трошат 220 милиони евра на Барса од трансферот на Нејмар

Каталонските медиуми објавија дека Барселона сигурно ќе ги купи Осман Дембеле и Фелипе Кутињо за сума од 220 милиони евра, колку што шпанскиот гигант инкасира од трансферот на Нејмар во ПСЖ

објавено: 15 август 2017 - 14:50

Каталонските медиуми објавија дека Барселона сигурно ќе ги купи Осман Дембеле и Фелипе Кутињо за сума од 220 милиони евра, колку што шпанскиот гигант инкасира од трансферот на Нејмар во ПСЖ.

Барселона ќе треба да додаде уште некое евро за бонуси за играчите, но вредноста на двата трансфери и ангажман на Дембеле и на Кутињо во основа ќе чини 220 милиони евра заедно.

Кутињо не е пријавен во Ливерпул за двомечот со Хофенхајм во плејофот за пласман во Лигата на шампионите, што дава сигнали дека ќе се пресели воп Барселона. Слично е и со Дембеле, кој сака да си замине од Дортмунд, а Борусија нема ништо против да го пушти во Барса за сума поголема од 100 милиони евра. Дуото ќе се обиде да го засили средниот ред и нападот на Барса, по очигледните слабости презентирани на првиот меч од Суперкупот со Реал Мадрид.

Најново во Меѓународен Фудбал