Лидерот не попушта во трката за титулата

Лесно е за Барселона кога Меси и Суарез даваат голови, Паулињо само ја круниса победата против Леванте

Барселона рутински го победи Леванте со 3:0, а Каталонците играат лесно кога Меси и Суарез се расположени за голови. Паулињо со погодок во финишот само го потврди новиот триумф на лидерот во Ла Лига

објавено: 7 јануари 2018 - 18:12

Барселона рутински го победи Леванте со 3:0, а Каталонците играат лесно кога Меси и Суарез се расположени за голови. Паулињо со погодок во финишот само го потврди новиот триумф на лидерот во Ла Лига.

Ослабениот Леванте без Барди, Моралес и уште неколку играчи, кои беа отсутни поради повреди и жолти картони не успеа да и се спротивстави на Барселона.

Меси и Суарез со по еден гол во првиот дел ги разрешија дилемите за победникот, па на Паулињо му остана со погодок во последните моменти, само да ја запечати убедливата победа.

Со 48 бода по 18 кола, Каталонците се убедливо на врвот, додека Леванте го чека тешка битка за опстанок во Ла Лига. Екипата од Валенсија има 18 бодови на 16. позиција во конкуренција на 20 екипи.

Најново во Меѓународен Фудбал