БАРСЕЛОНА НЕ САКАШЕ ДА ЈА ПЛАТИ ОГРОМНАТА СУМА

Ливерпул барале 200 милиони евра за Кутињо!

Барселона се откажа од желбата да потпише договор со Филип Кутињо од Ливерпул, откако премиерлигашот барал 200 милиони евра за Бразилецот вели директорот на клубот, Алберто Солер

објавено: 2 септември 2017 - 16:40

Шпанскиот трансфер-период заврши во петокот навечер и Барса не додаде на потписите на Усман Дембеле, Нелсон Семедо, Жерар Деуфолеу и Паулињо и покрај јавните изјави на тренерот Ернесто Валверде за засилувања по заминувањето на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра.

Шпанските медиуми тврдат дека Каталонците се обиделе да го донесат Анхел ди Марија од ПСЖ, иако главната цел бил Кутињо.

„Во петокот Ливерпул го ценеа фудбалерот кој го сакавме на 200 милиони евра и одлучивме дека не го сакаме тоа. Ова е знак на нова ера во фудбалот, кој не го водат клубовите. Нешто мора да се смени, ние нема да можеме да го разбереме фудбалот. Не ризикувавме поради нашите 150.000 членови. Во пазарот сме во кој плаќате 50 милиони за голман. Нема да ризикуваме на таков пазар. ПСЖ дојдоа кај нас со 222 милиони и сите знаеја дека имаме пари. Се најдовме во невозможна ситуација. Наместо клубовите, сега земјите се главни агенти во светот на фудбалот“, вели Солер.

Најново во Меѓународен Фудбал