Каталонците го губат трпението

Луѓето од Барселона час и половина не можеле да го наjдат Дембеле

Второто најскапо засилување за клубот во историјата, го пропуштил вчерашниот тренинг поради гастроентеритис, но неговото отсуство имало и предисторија.

објавено: 9 ноември 2018 - 20:15

Тензиите меѓу Осман Дембеле и Барселона продолжуваат да растат бидејќи клубот денеска бил час и половина во потрага по фудбалерот, кој повторно не се појавил на закажаниот собир. Второто најскапо засилување за клубот во историјата, го пропуштил вчерашниот тренинг поради гастроентеритис, но неговото отсуство имало и предисторија.

Според каталонсите изданија, Дембеле буквално час и половина не можел никој да го пронајде, бидејќи не го пријавил неговото отсуство за време на тренинзите и собирите на тимот. По интензивна потрага, на крајот го пронашле сам во својот дом.

Медицинскиот тим веднаш го посетил фудбалерот каде што биле направени комплетни прегледи и била констатирана абдоминална болка. Лекарите велат дека тоа не е оправдување што тој просто не одговарал на ниту еден повик од клубот.

По последните проблеми со него, голема е веројатноста клубот да побара купувач за него и тоа што е можно поскоро.

 

Најново во Меѓународен Фудбал