УБАВ ЈУБИЛЕЈ НА ХРВАТОТ

Лука Модриќ во клубот 200

„Се надевам дека ќе одиграм уште толку. Дека ќе освојам полно трофеи, и дека ќе донесам доста радости на нашата публика. Горд сум и среќен што сум дел од овој голем клуб“- вели хрватскиот репрезентативец.

објавено: 13 март 2017 - 19:00

Натпреварот со Бетис од Севиља беше посебен во кариерата на Лука Модриќ. Откако дојде во Мадрид и заигра за Реал, ова беше неговиот 200. настап во „кралската униформа“, што е навистина момент за паметење.

Но за хрватскиот репрезентативец е многу поважно дека неговата екипа ги освоила трите бода. Макар и на еден тежок начин, какви ќе има и во наредните битки во Примера.

Модриќ се надева дека ќе ја освојат титулата во Шпанија, што не му успеало како играч на Реал уште во доаѓањето во Мадрид, во 2012 година. А во тие четири години, Барселона прослави три, а Атлетико Мадрид еден трофеј.

„Ќе биде тешко да се победува и понатаму затоа што пред крајот на сезоната на сите им требаат бодовите. Затоа секоја наредна средба ќе биде налик на финале. Тоа се виде и во Ла Коруња, каде Барселона ги загуби бодовите, а се виде и на нашиот дуел против Бетис“- истакна Модриќ.

Со идентичен скор (2:1), Реал беше подобар од Бетис, а Ла Коруња од Барселона. Па после 27. кола, „кралевите“ имаат 62. бода и натпревар помалку, Барселона е на 60, Севиља има 57, а Атлетико Мадрид 52...

Модриќ пристигна на „Сантјаго Бернабеу“ три месеци по последната освена титула на Реал. Од таа 2012 година одигра 200 натпревари за Реал Мадрид за што на овој меч со тимот од Севиља доби посебен дрес од претседателот Флорентино Перез.

„Се надевам дека ќе одиграм уште толку. Дека ќе освојам полно трофеи, и дека ќе донесам доста радости на нашата публика. Горд сум и среќен што сум дел од овој голем клуб. Овде сум постојано опкружен со големи играчи и тренери. Тоа ме направи поголем и позрел на теренот“- вели хрватскиот интернационалец кој претходно беше дел од англискиот Тотенхем и загрепски Динамо.

Има 131 настап во пример, уште 46. мечеви во Лигата на Шампионите, 16 во „Купот на кралот“, три во шпанскиот Суперкуп, две во Суперкупот на Европа, и исто толку на светското клупско првенство. 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал