ИАКО 6 ГОДИНИ Е ВО ШПАНИЈА, ВЕЛШАНЕЦОТ „СКАРАН“ СО ЈАЗИКОТ

Марсело: Бејл не зборува во соблекувалната, затоа што не знае шпански

„Спроти мене во соблекувална седи Бејл, но тој не зборува затоа што не научи шпански, и покрај тоа што шест години е тука“, вели Марсело. 

објавено: 12 февруари 2019 - 13:00

Бразилскиот фудбалер Марсело во едно интервју откри дека Герет Бејл и натаму не го зборува шпанскиот јазик, и покрај тоа што веќе шест години е во Шпанија и е дел од Реал Мадрид. 

„Не ми беше сеедно кога си замина голманот Кико Касиља, кој седеше до мене и често зборувавме. Спроти мене седи Герет Бејл, но тој молчи, не зборува. Затоа што не го знае шпанскиот јазик, иако шест години е во Шпанија“, рече Марсело. 

Герет Бејл во последно време е поврзуван со „трампата“ со Еден Азар од Челзи. Според последните информации „кралевите“ ќе го пратат Велшанецот во Челзи, и ќе доплатат за да го ангажираат одличниот Белгиец од лондонските „сини“. Марсело, пак, се поврзува со трансфер во Јувентус, кај неговиот другар Кристијано Роналдо. 

Најново во Меѓународен Фудбал