„КРАЛСКИОТ КЛУБ“ И МОНАКО СЕ ДОГОВОРИЈА

Мбапе потпишува за Реал до 2023 година

Тинејџерот е на врвот на листата на многу европски гиганти

објавено: 7 јули 2017 - 18:47

Најголемото откритие од минатата сезона, Килијан Мбапе избрал каде ќе ја продолжи кариерата. Европскиот првак Реал Мадрид е следната дестинација на францускиот репрезентативец. 

Според весникот „Марка“, 18-годишниот тинејџер веќе постигнал договор со „кралевите“, односно ги договорил личните услови. Мбапе ќе добива годишна плата меѓу шест и седум милиони евра. 

За реализација се очекува уште потврда од Монако, кој треба да ја каже сумата за која би го пуштиле Мбапе. Според некои шпекулации, се очекува трансферот да биде околу 130 милиони евра. Доколку тоа се реализира, Мбапе ќе биде најскап фудбалер во историјата на фудбалот, надминувајќи го Пол Погба, кој од Јувентус во Манчестер Јунајтед замина за сума од 110 милиони евра. 

Најново во Меѓународен Фудбал