СЕ САМО ДА ОСТАНЕ АРГЕНТИНЕЦОТ НА „КАМП НОУ“

Меси добива бесконечен договор од Барселона

Извршниот директор на каталонскиот гигант ја откри новата понуда

објавено: 21 октомври 2017 - 17:21

Лионел Меси уште го нема продолжено договорот со Барселона. Иако летово се договори за нов четиригодишна соработка, Меси не го потпиша тој договор. Од Барселона се обидуваат на секакков можен начин да го убедат Аргентинецот да го стави потписот на листот кој ќе значи и останување на „Камп Ноу“.

Најновата понуда од Барселона е неверојатна. Тие му нудат бесконечен договор.

„Нашата желба е Лео кој е тука дојден како дете, да остане во Барселона доживотно. Тој е икона на клубот и го заслужува тоа. Дури и кога ќе ја заврши кариерата, сакаме тој да остане да биде дел од клубот“, вели извршниот директор на Барселона, Оскар Грау.

Нешто слично Барселона направи пред 10-тина дена, кога на Андрес иниеста му понудија, а играчот прифати доживотен договор. Иниеста, исто како Меси, е дел од Барселона уште како дете и целата кариера ја поминува во каталонскио тгигант.  

Најново во Меѓународен Фудбал