КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ХАКЕРСКИ НАПАД

Меси добродојде во Реал Мадрид!

Официјалната твитер страница на Реал Мадрид на кратко беше нападната од хакери, кои успеаа да објават дека најдобриот играч на Барселона го облекол дресот на „кралскиот клуб“

објавено: 26 август 2017 - 18:54

Од толку шпекулации дали Лионел Меси ќе остане во Барселона или ќе замине, дојде информација дека аргентинскиот виртуоз потпиша за Реал Мадрид. Сепак ова беше само вест пласирана и по хакерскиот напад на официјалниот твитер профил на актуелниот шпански и европски првак. 

„Добродојде Меси!“ стоеше на твитер профилот на Реал Мадрид, кој беше нападнат од хакери. Навивачите и на Реал, но и тие на Барселона полудеа од оваа вест, која подоцна се покажа дека е лажна. 

Веќе неколку месеци се шпекулира дека Меси ќе си оди од „Камп Ноу“, откако одбива да го продолжи договорот. Манчестер сити и Пари Сен Жермен се главни фаворити за да го привлечат Меси, кој доби и монтажа како би изгледал во дресот на Реал Мадрид. 

Најново во Меѓународен Фудбал