ПРЕД ВЕЧНОТО ДЕРБИ

Меси и Роналдо се бакнаа како најава за „Ел Класико“ (ФОТО)

„Љубовта е слепа“, пишува на графитот кој се појави во центарот на Барселона

објавено: 21 април 2017 - 11:43

Реал Мадрид и Барселона, в недела ќе испишат нова страница во историјата на „Ел Класико“. Реал е домаќин, а „кралскиот клуб“ со победа ќе биде многу блиску до титулата во Примера.

Како најава за дербито во центарот на Барселона се појави необичен графит. На „Пјаца Каталуња“ беа нацртани ликовите на двете најголеми ѕвезди на екипите. На графитот, Лионел Меси и Кристијано Роналдо се гушнати и се бакнуваат. 

Креаторот на графитот внимавал на сите детали, па го нацртал Меси со брада, а Аргентинецот кој е понизок, дури и се поткрева на прсти за да може сочно да се бакне со Роналдо. „Љубовта е слепа“ е еден од многуте коментари кои ги привлече овој графит во пресрет на неделното „Ел Класико“.

Најново во Меѓународен Фудбал