Аргентинецот „фатен“ во незгодно

Меси ќе оди на судење три дена пред Ел Класико

Судењето на аргентинскиот фудбалер ќе биде на 20 април односно само три дена пред одигрувањето на големото дерби против Реал Мадрид

објавено: 27 март 2017 - 18:35

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе се најде на суд само три дена пред Ел Класико против Реал Мадрид.

Таткото и синот Меси во јули минатата година се осудени на 21 месец затвор поради затајување на данок, но, испратија желба во Врховниот суд во Шпанија кој новото судење го закажа на 20 април. Така Меси ќе се појави пред судот само три дена пред мечот со Реал во кој би можело да се дознае одлуката за новиот првак на Примера.

Лео и неговиот татко Жорж се оптужени по три точки за даночни измами и се обвинети дека избегнувале плаќање на данок од четири милиони евра во периодот од 2007 до 2009 година. Ако се потврди казната, Лео најверојатно нема да оди во затвор бидејќи за пресудите кои се помали од две години дозволен е договор за условна казна.

Најново во Меѓународен Фудбал