Каталонците минаа низ сериозно искушение

Меси кога погодува Барселона победува

Лионел Меси постигна два гола против Реал Сосиедад и само потврди дека кога тој е расположен за погодоци Барселона тешко губи. Каталонците славеа со 3:2 против незгодниот ривал од Сан Себастијан

објавено: 15 април 2017 - 22:42

Лионел Меси постигна два гола против Реал Сосиедад и само потврди дека кога тој е расположен за погодоци Барселона тешко губи. Каталонците славеа со 3:2 против незгодниот ривал од Сан Себастијан.

Меси беше тивок на последните два натпревари, а Барселона настрада и против Малага и со Јувентус, со два порази и вкупна гол-разлика од 0:5. И претходно Лео не беше стрелец со Депортиво ла Коруња, а неговиот тим загуби со 1:2.

Вечерва Аргетнинецот беше расположен и со два гола ја предводеше Барселона до триумф. Погоди во 17. и 37. минута, но Умтити со авотгол им даде надеж за подвиг на гостите. Пако Алкасер зголеми на 3:1, а прекрасното прво полувреме го заокружи Чаби Прието со петти гол за 45. минути и предност на Барселона од 3:2. Во вториот дел имаше шанси, но не и голови, па мечот заврши со триумф на домаќините од 3:2.

Барселона има 72 бода, 3 помалку и меч повеќе од Реал Мадрид, пред „Ел Класико“ во Мадрид на 23. април.

Најново во Меѓународен Фудбал