АРГЕНТИНСКИОТ ВИРТУОЗ НЕ СОПИРА

Меси постави нов рекорд во Барселона (Видео)

Лео погоди од слободен удар за триумф на каталонскиот гигант против Атлетик Билбао

објавено: 4 февруари 2017 - 18:08

Барселона рутински со 3:0 славеше против Атлетик Билбао и стигна до нови три бода во трката за титулата во Примера дивисион. Каталонскиот гигант уште во првото полувреме даде два гола и најави дека нема да има изнненадување на „Камп Ноу“.

Пако Алкасер го отвори резултатот, а потоа Лионел Меси со погодок од слободен удар зголеми на 2:0. Овој погодок на Меси, всушност беше доволен Аргентинецот да сруши нов клупски рекорд. За Лео ова беше 27 погодок во дресот на Барселона, директно од слободен удар. 

Со тоа, Меси го надмина роналд Куман кој имаше 26 погодоци од слободен удар за Барселона. Во второто полувреме, Барса стигна и до трет погодок во дуелот со Атлетик Билбао. Алекс Видал беше прецизен во 67 минута.

 

Најново во Меѓународен Фудбал