СЕ НАЈДЕ И ТАКОВ

Меси се восхитува на овој фудбалер

Лео е играчот кој е идол на многумина, но и тој си има омилен играч

објавено: 28 јануари 2017 - 16:33

Лионел Меси повеќе од една деценија е во самиот врв, меѓу најдобрите фудбалери во светот. петкратнот освојувач на „Златната топка“ целата кариера ја помина во тимот на Барселона, клубот каде е и играчот на кој се восхитува Аргентинецот. Тоа е Андрес Иниеста.

„Андрес и јас сме многу слични. Го користиме телото, за да ги избегнеме противниците, но тој има нешто што му завидувам. Невозможно е да му ја одземете топката. Не е брз, но со еден потег ќе ве помине. Има фантастилна техника. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот“, рече Меси за својот соиграч. 

Лео и Иниеста заедно играат од 2004 година и се радувале на осум титули во Примера дивисион, како и четири трофеи во Лигата на шампионите. Токму тие двајца се едни од клучните што каталонскиот гигант ги освои сите најзначајни трофеи во овој период. 

Најново во Меѓународен Фудбал