МОЖНО ЛИ Е ВАКВО СЦЕНАРИО?

Меси си оди за да дојдат три супер ѕвезди во Барселона

Лео уште го нема продолжено договорот со тимот од „Камп Ноу“

објавено: 19 март 2017 - 22:12

Можното заминување на Лионел Меси од Барселона е тема на секакви шпекулации во последно време. Договорот со шпанскиот првак му е до јуни следната година, а последните најави се дека тоа ќе биде и негово последно дружење со каталонскиот гигант. 

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола подготвиле 230 милиони евра оштета и неделна плата од 750.000 евра. Тоа би било убедливо најголем трансфер во историјата на фудбалот. Со добиените пари Барселона ќе може купи кого ќе посака. 

На врвот на листата на желби е 19-годишниот талент на Борусија Дортмунд, Османе Дембеле, потоа играчот за врска на ПСЖ, Марко Верати и бекот на Арсенал, Хектор Белерин. И покрај сите овие шпекулации, од Барселона најавуваат дека главен приоритет им е да го задржат Меси на „Камп Ноу“.  

Најново во Меѓународен Фудбал