Нов спонзорски договор за Аргентинецот

Меси стана „циркузант“ (ВИДЕО)

Еден од најпознатите циркуси во светот во последните 100 години, Cirque du Soleil, е новиот партнер на аргентинскиот мегастар.

објавено: 10 октомври 2018 - 22:15

Аргентинснската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси, и официјално ја потврди соработката со еден од најпознатите циркуси во светот во последните 100 години, Cirque du Soleil. Станува збор за канадска компанија, која некогашната автохтона форма на циркуски престави денеска ја замени со комбинација од театарски, кореографски, акробатски и циркуски жанрови.

Меси објави видео на својот Инстаграм профил на кое се обидува да жонглира со топче, кое наликува на нос од кловн Во исто време на себе ја има маичката со логото на Cirque du Soleil.

Cirque du Soleil наскоро ќе ја раскаже приказната за животот на Меси од моментот кога тој се пресели во Барселона од Аргентина на 11 години. Веќе на 13-годишна возраст, Меси беше во младинскиот тим на Барселона и на својот прв натпревар постигна четири гола за тимот. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Leo Messi (@leomessi) onOct 9, 2018 at 7:17am PDT

Најново во Меѓународен Фудбал