КАТАЛОНЦИТЕ СО ПОСЛЕДНИ СИЛИ ДА ГО ЗАДРЖАТ БРАЗИЛЕЦОТ

Меси, Суарез и Пике го „молат“ Нејмар да остане во Барселона

Напаѓачот на каталонците е пред заминување од „Камп Ноу“

објавено: 22 јули 2017 - 21:50

Барселона со сите сили ќе се обиде да го спречи трансферот на Нејмар во Пари Сен Жермен. Капитенот на бразилската репрезентација е пред заминување од „Камп Ноу“, а според најавите, се работи само за неколку дена, кога ќе биде реализиран трансферот.

ПСЖ најави дека е подоготвен да ја активира 222 милиони евра вредната клаузула за да може да го купат Нејмар. Бразилскито голгетер е еден од најдобрите играчи на каталонскиот гигант. Тоа го знаат и самите играчи, па во „акција“ стапија најдобрите играчи на Барселона.

Лионел Меси, Луис Суарез и Жерар Пике, решија да го убедуваат Нејмар да не си заминува од Барселона. Тие сакаат соиграчот да остане, но тоа е многу тешко остварливо. 

Најново во Меѓународен Фудбал