ШЕСТИ УЧЕСНИК НА ИЗБОРИТЕ

Миленикот на навивачите на Барса потврди дека ќе се кандидира за претседател

Еден од најуспешните претседатели во историјата на Барселона, Жоан Лапорта им потврди на шпанските новинари дека ќе учествува на изборите за прв човек на клубот што ќе се одржат на 18 јули.

објавено: 16 јуни 2015 - 21:26

Иако од него се уште нема официјална кандидатура, Лапорта го потврди ова пред четворица новинари на кои им рече дека ја подготвува кандидатурата. Ако тоа се потврди, тој ќе биде шести кандидат за претседател на Барселона по: Жосеп Марија Бартомеу, Тони Фреиша, Агусти Бенедито, Жорди Мајо и Жорди Фаре.

Лапорта беше претседател на Барселона во два мандати од 2003 до 2010 година и под негово водство спортското друштво доживеа целосна ревитализација, а од просечни клубови, тој направи гиганти во европски рамки. Во тие седум години, фудбалскиот клуб освои две титули во Лигата на шампионите и четири во Ла Лига, кошаркарскиот стигна до две титули во Евролигата и две во АЦБ, а ракометниот една во Лигата на шампионите и една во АСОБАЛ.

Најважно од се, во времето на Лапорта, Барселона воведе нов начин на функционирање на младинските школи од што плодовите се собираат и ден-денес.

Најново во Меѓународен Фудбал