Реми на Месталја

Мунир не дава Валенсија да губи

Младинскиот репрезентативец на Шпанија, Мунир Ел Хадади успеа да ја спаси Валенсија од пораз со гол во финишот на натпреварот против Спортинг Хихон

објавено: 11 март 2017 - 14:58

Младинскиот репрезентативец на Шпанија, Мунир Ел Хадади успеа да ја спаси Валенсија од пораз со гол во финишот на натпреварот против Спортинг Хихон.

Мунир погоди во 85.минута и ја анулира предноста на гостите, кои водеа со голот на Дује Чоп од 60. минута. Овој бод е мошне значаен за Спортинг во битката за опстанок, а гостите имаа и мала доза на среќа, бидејќи Дани Парехо промаши пенал за Валенсија, при резултат 0:0.

Најново во Меѓународен Фудбал