Реал го сака во своите редови со доживотен договор

На Роналдо не му прилега третото место, Португалецот сака да биде пред Меси и Нејмар

Кристијано Роналдо моментно е зад Лионел Меси и зад Нејмар според годишната плата, а најави дека сака подобрување на договорот што од лани му е со важност до 2021 година

објавено: 17 декември 2017 - 12:50

Кристијано Роналдо моментно е зад Лионел Меси и зад Нејмар според годишната плата, а најави дека сака подобрување на договорот што од лани му е со важност до 2021 година.

„Сакам да се пензионирам овде, во Реал Мадрид, но работите не се под моја контрола“, вели Роналдо. 

Меси го мина популарниот ЦР7 и неофицијално заработува по 50 милиони евра годиншно, а пред Португалецот е и Нејмар, по трансферот во Пари Сен Жермен.

Флорентино Перез си има слаба точка, не го дава Роналдо за никакви пари, а вели дека „Кристијано е симбол на Реал Мадрид“ и не мрда никаде од „Сантијаго Бернабеу“. Тоа навестува нови преговори и враќање на прво место според примањата на една од иконите на модерниот фудбал, Кристијано Роналдо.

Најново во Меѓународен Фудбал