КАТАЛОНСКИОТ ГИГАНТ ДОБИ НЕОБИЧНА ПОНУДА

НЕ ЧЕКАА ДОЛГО: И Русите ја сакаат Барселона

Доколку Каталонија прогласи независност, Ла Лига дефинитивно нема да биде иста без Барселона, Ел Класико и Лионел Меси... 

објавено: 3 октомври 2017 - 19:16

Доколку Каталонија прогласи независност, Ла Лига дефинитивно нема да биде иста без Барселона, Ел Класико и Лионел Меси...Во изминатите денови изглегоа бројни сценарија, она што е сигурно е дека може да дојде до распад на фудбалот во оваа земја, ќе има две репрезентации, а Реал Мадрид и Атлетико нема да имаат ривал како Барселона.

Каталонскиот гигант има опции, веќе на големо се пишува дека може да игра во Англија или пак во Шпанија. Барселона против Манчестер Сити или Барселона против ПСЖ, воопшто не звучи лошо. Постои варијанта и за каталонско првенство, каде Браса дефинитивно нема да има конкуренција.

Во меѓувреме на адресата на каталонскиот гигант стигнала понуда од Русија. Челниците на тамошната Втора лига на шпанскиот тим му нудат 15 поени предност, право на прв стрелец, бесплатен превоз за навивачите за секој натпревар, неограничен број странци и што уште не...

И покрај ваквите најави би било чудно доколку Барселона биде дел од друго првенство...

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал