„Кралевите“ ќе пазарат од Барса

Не е шега: Реал доаѓа по Меси

Реал Мадрид ќе се обиде да ја исполни желбата на својот најдобар фудбалер, Кристијано Роналдо, кој изјави дека сака да игра во ист тим со Лионел Меси.

објавено: 22 декември 2016 - 10:15

Откако трансфер ембаргото кое беше ставено врз Реал Мадрид е делумно укинато и клубот доби дозвола да купува играчи во следниот летен преоден рок, челниците на „кралскиот" тим најверојатно ќе му ја исполнат желбата на Кристијано Роналдо.

Шпанските медиуми веќе започнаа со шпекулациите дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перес ќе ги направи последните обиди во тимот да го доведе Лионел Меси.

Во последните преговори меѓу Меси и Барселона околу неговиот нов договор дојде до застој, бидејќи аргентинскиот фудбалер барал плата која каталонскиот гигант не може да му ја овозможи. Во меѓувреме Манчестер Сити чека со понуда од 500 илјади фунти неделно, поради што шпекулациите за заминувањето на Меси станаа се почести.

Сепак, како што пишува познатиот англиски новинар, Грахам Хантер, кој е специјалист за шпанскиот фудбал, Меси нема да го напушти клубот на кого му должи се и нема да замине во Реал. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал