СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ

Не мрда од Реал Мадрид

Асенсио е играчот кој треба да биде иднината на клубот

објавено: 24 септември 2017 - 09:17

Челниците на Реал Мадрид постигнаа договор за продолжување на соработката со Марко Асенсио. Според информациите, новиот договор на играчот за врска ќе биде потпишан следната недела и ќе биде до јуни 2023 година. 

Покрај новиот договор, Асенсио ќе добие и зголемена откупна клаузула, па кој ќе сака да го купи предвреме, ќе мора да плати 500 милиони евра. Актуелниот договор на шпанскиот репрезентативец со тимот од „Сантијаго Бернабеу“ е до 2020 година. 

Асенсио одличлно ја започна сезоната и ја стекна довербата кај тренерот Зинедин Зидан. Младиот 21-годишен играч сезонава веќе има четири гола. Пред него, договорите со реал ги продолжија и Марсело, Иско, Бензема и Љоренте.

Најново во Меѓународен Фудбал