БРАЗИЛЕЦОТ ЗНАЕ ДЕКА МЕСИ Е УШТЕ ЕДНА КЛАСА ПРЕД НЕГО

Нејмар: Нема да умрам ако не ја освојам „Златната топка“

Напаѓачот вели дека ужива во фудбалот, а евентуалното освојување на најзначајната индивидуална награда ќе биде само како награда за неговата работа

објавено: 26 декември 2016 - 11:20

Напаѓачот на Барселона, Нејмар не ги крие амбициите еден ден да ја освои најзначајната индивидуална награда „Златната топка“. Бразилецот игра одлично, но засега уште е „во сенка“ на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. 

„Секако дека сум мотивиран и дека сакам еден ден да ја освојам „Златната топка“. Но и да не успеам да ја освојам, нема да умрам. Ништо нема да се промени, бидејќи јас не играм фудбал поради таа награда, туку затоа што тоа ме прави среќен“, вели Нејмар.

Капитенот на бразилската репрезентација додава дека уште не е на нивото на неговиот соиграч Меси. „Едноставно е. Лео е најдобар. За мене преставува чест да играм со него во ист тим“, додава Бразилецот.

Најново во Меѓународен Фудбал